Рецитал на рускиот пијанист Денис Кожухин во Филхармонијата

Од:

Познатиот руски пијанист Денис Кожухин вечер од 20 часот ќе одржи рецитал во Камерната сала на Македонската филхармонија и ќе изведе дела од Менделсон (избор од „Песни без зборови“), Григ (избор од „Лирски пиеси“) и Прокофјев (Соната бр. 8).

-За критиката и публиката Денис Кожухин е „волшебник на пијаното“, затоа што неговата техника е беспрекорна и тој мудро ги комбинира сјајот и моќта на она што го изведува. Тој поседува одлично чувство за моделирање на формата, зрелост и уникатна чувствителност, информира Македонската филхармонија за рециталот на Кожухин, чиј ментор во последните неколку години е славниот пијанист и диригент Даниел Баренбоим.

Кожухин (1986) е етаблиран како еден од најголемите пијанисти на неговата генерација. Добитник е на првата награда на престижниот натпревар „Кралица Елизабета“ во Брисел. Само во минатата сезона тој настапи со врвни оркестри, меѓу кои и со „Концертгебау“, Симфонискиот оркестар на Чикаго, Германскиот симфониски оркестар во Берлин, Филаделфија оркестарот, Кралската филхармонија во Стокхолм, Филхармонијата во Осло, Камерниот оркестар „Малер“, Симфонискиот оркестар на Би-би-си, Берлинска филхармонија, „Карнеги хол“…, со врвни диригенти како Темирканов, Кристијан Јарви, Петренко, Јамада…Како рецитален пијанист, настапите на Кожухин ги вклучуваат и „Концертхаус“ во Виена, Филхармонијата во Келн, „Вигмор Хол“, „Вербие“ фестивалот, Иитернационалните пијано-серии во Лондон, како и учеството на отворањето на „Пјер Булез“ концертната сала во Берлин заедно со Даниел Баренбоим.

Зад себе има неколку изданија со изведба на концерти за пијано и оркестар од Григ, Чајковски, соло-дела од Брамс…, за кои е добитник на наградите „Избор на уредникот“ на „Грамофон“ и „ЦД на месецот“ во магазинот „Фоно форум“.

Би можело да ве интересира

Директорката на Филхармонија е разрешена затоа што несовесно ракува со државна институција и со државни пари, вели министерката за култура

Горан Наумовски

Вработените во Филхармонија протестираа пред Владата

Дваесет и втор Меѓународен натпревар на млади музичари „Охридски бисери“

Ана Ололовска

„Животот е убав“ – концерт на Филхармонијата во Градскиот парк

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија на 7. Меѓународен фестивал „Музички Едикт“ во Ниш

Ана Ололовска

Оркестарот на Филхармонија гостува во Ниш

Ана Ололовска