Хенри Едмонт Кејн и неговиот партнер Кристофер Патрик Фленеган се првиот машки пар кој се венчање по новодонесениот закон со кој се легализираше геј бракот во Велика Британија.
Тие се венчаа во градското матично во Белфаст во Северна Ирска. По церемонијата излегоа пред матичното и се бакнаа пред бројните новинари.
Слични фотографии и сцени можеа да се видат и вчера пред британскиот праламент во Лондон каде голем број геј парови се собраа за да го прослават донесениот закон.
Британските парламентарци со 400 гласа „за“ и 175 „против“ го изгласаа предлог законот со кој им овозможија на исполните парови да стапат во граѓански, како и црквени бракови, под услов верските институции да прифатат.
Предлог законот мора да помине низ уште неколку филтри за да стапи во сила, но законот предизвика поделеност во владеачката Конзервативна партија.
Велика Британија ќе стане 11-тата земја која ги легализира геј браковите.