Леброн не е разочаран по двата порази на стартот

Од:

Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс Леброн Џејмс изјави дека не е разочаран од двата порази на тимот на почетокот на сезоната во НБА. Според него, тешкотиите во првите натпревари се нормални, бидејќи е потребно време за да се воиграат играчите на тимот. Лејкерс доживеа пораз од Портланд и Хјустон во првите две средби од новата сезона.

– Не сум разочаран. Знаев дека ќе имаме тешкотии во почетокот. Никој не очекува да ни биде лесно. Пропуштивме кошеви во решавачки моменти во првите две средби, имавме тешкотии, но се ќе биде во ред, прокоментира Џејмс.

„Кралот“, трикратен шампион во НБА, во јули потпиша договор со „езерџиите“ за четири години и за сума од 154 милиони долари. Изминатата вечер Лејкерс беа поразени од Хјустон Рокетс со 115: 124. В понеделник, тимот игра против Сан Антонио Спарс.

– Имавме свои шанси против Хјустон. Можевме да се претставиме подобро. Но кога ќе се разбудам утре, тоа е нов ден и нова можност. Ги оставаш работите во минатото и продолжуваш кон иднината, додаде кошаркарот.

Би можело да ве интересира

Почина Дикембе Мутомбо

Шокантна одлука во НБА, има 21 година и се пензионира

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Сопругата и мајката на НБА ѕвездата се судрија со полицијата во Париз

Предраг Петровиќ

Испишана историја на НБА: Леброн и неговиот син Брони станаа соиграчи

Предраг Петровиќ

Бостон го прегази Далас во првиот меч од финалето на НБА

A1on

НБА: Денвер ја победи Минесота и израмни на 2:2 во полуфиналната серија на Западот