Австралиската Влада го загуби мнозинството во Парламентот

Од:

Австралиската коалициска Влада на премиерот Скот Морисон денеска го загуби мнозинството во Парламентот, откако владејачката Либерална партија доживеа пораз на дополнителните избори за пратеничкото место кое остана испразнето по оставката на поранешниот премиер Малколм Трнбол.

На денепните дополнителни избори во сиднејскиот округ Вентворт, кандидатот за пратеник на либералите беше поразен од независната кандидатка Керин Фелпс.

Ова претставува прв пораз на либералите во изборната единица во Вентворт по цели 117 години.

По победата, Фелпс одби децидно да се изјасни како би гласала доколку во Парламентот се покрене иницијатива за изгласување недоверба на владиниот Кабинет, но навести дека се залага „за отслужување цел мандат на Владата“, кој истекува во мај следната година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски

Австралискa пратеничка го нарече опозицискиот лидер расист поради ставот кон Газа