Женската одбојкарска репрезентација на Србија стана светски шампион за прв пат во историјата победувајќи ја Италија со 3:2 (21:25, 25:14, 23:25, 25:19, 15:12).
На светското првенство во Јапонија, Србинките пристигнаа како олимписки вицешампионки и европски шампионки.
На патот до финалето Србија загуби само два пати и тоа против домаќинот Јапонија и Холандија, во втората рунда, кога веќе имаше обезбедно пласман во „фајнл-сиксот“.
Со оваа победа тие ги споија европската и светската титула.