Принцот Вилијам и принцезата Кејт се одлучија да отпатуваат на островот Мастик во карибскиот архипелаг, затоа што ова им е последна шанса за романтичен одмор пред да го добијат своето прво дете во јули.
Парот ја објави веста во декември за бременоста на Кејт и почекаа да се стабилизираат утринските мачнини за да отпатуваат на одмор.
Друштво им прават родителите на принцезата Керол и Мајкл Мидлтон, а изнајмувањето виле каде што престојуваат изнесува 30 илјади долари неделно.