Веќе неколку дена брегот на езерото Вистонида во северна Грција, односно на оградата на водите долга 1.000 метри, е покриен од огромна пајажина, исплетена од илјадници мали пајаци.
Пајажината, според стручните лица е резултат на зголемениот број комарци и мушички, кои на повисоки температури се размножуваат со поголем интензитет. Тие се храна за пајаците.
Метеоролошките услови се идеални за размножувањето на пајаците и со такво изобилие од храна се зголемува нивниот број, објаснуваат биолозите.