Турската полиција ги бара останките од новинарот Кашоги во шума и околината крај Истанбул

Од:

Турската полиција ја пребарува шумата крај Истанбул и околината на градот на брегот на Мраморното Море за да ги открие останките на судискиот новинар, кој исчезна пред две седници откако влезе во Козулатот на саудиска Арабија во Истанбул.Тоа синоќа го соопштија две турски официјални лица, кои побараа од медиумите да бидат анонимни.

При претресот на саудискиот конзулат и резиденцијата на конзулот во Истанбул, истражителите пронајдоа „многу примероци“ и се обидуваат да најдат траги од ДНК од новинарот Џамал Кашоги, вели високопозициониран извор.

Според него, опсегот на пребарувањата е проширен откако биле утврдени маршрутите и возилата кои биле на 2 октомври пред конзулатот, вој кој Кашоги бил виден последен пат.

Можно е убијците да го фрлиле трупот во Белградската шума во близина на Истанбул или во напуштена област околу градот Јалова, на 90 километри јужно од Истанбул, велат неименувани извори.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Турција уапси 234 лица во рамките на меѓународната операција против нарко-мафијата

Европол: Откриени четири главни мрежи за шверц на дрога во ЕУ и Турција

Турција започнува реставрација на куполата на Аја Софија

А1он

Разрешениот градоначалник на Истанбул: На суд сум затоа што победив на изборите

(ВИДЕО) Снежно невреме во Анкара

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Во сообраќајка загина Ѓулер Ердоган, која беше Мис на Балканот за 2022

Горан Наумовски