Путин: Абе го отфрли мировниот договор со Русија

Од:

Премиерот на Јапонија Шинѕо Абе верува дека е невозможно потпишување мировниот договор со Русија пред да бидат решени територијалните спорови.

Рускиот претседател Владимир Путин појасни оти Абе му пренел оти за Јапонија таквиот пристап е неприфатлив, односно дека прво мора да се разговара за територијата, а потоа за мировен договор.

– Може и така, но ние тапкаме во место веќе 70 години и се уште ништо не се гледа, рече Путин на пленарната сесија на дебатниот клуб „Валдаи“.

Путин објасни дека Русија не предлагала откажување од решенија за територијалните прашања. Тој верува дека склучувањето мировен договор ќе придонесе за зголемување на нивото на доверба меѓу двете земји, што би довело до забрзано решавање на територијални проблеми.

Путин, исто така, се осврна и на санкциите кон Русија воведени од Јапонија.

– Ние, од наша страна се обидуваме да создадеме неопходни услови. Јапонија ни воведе санкции. Дали мислите дека ова е чекор кон зголемување на довербата? Зошто го правите ова, за да ја зголемите довербата? – праша рускиот лидер.

Притоа, потенцираше Путин, дека Русија е подготвена да го продолжи овој дијалог, пренесува Фена.

Тој рече дека Русија и Јапонија зборуваат за заеднички економски активности во Јужен Курилски острови.

– Идејата е добра, но засега таа се спроведува скромно. Тоа е прашањето. Но, ние сме подготвени да продолжиме да работиме, истакна рускиот претседател.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Блиска средба: Ф-16 испратен да пресретне руски Су-35 на Алјаска

Руската воздушна одбрана синоќа уништи 125 украински беспилотни летала

Северна Кореја: Американската помош за Украина е „неверојатна грешка и луд чин“

Горан Наумовски

Лавров го предупреди Западот да не се бори до победа со нуклеарна сила

Горан Наумовски

Русија за атентатот на шефот на Хезболах: Уште едно политичко убиство

Шест лица загинаа во напад врз медицински центар во Суми