Бесими на Шапка на заедничката обука на специјалните единици на АРМ и САД

Од:

Министерот за одбрана на Република Македонија, Фатмир Бесими и заменик-амбасадорот на САД во Република Македонија Брајан Агелер, денеска на Попова Шапка ќе присуствуваат на заедничка обука и едукација на специјалните сили на АРМ и вооружените сили на САД (ЈЦЕТ).

Целта на обуката е размена на искуства меѓу специјалните сили, подобрување на стандардите и обученоста на декларираните тимови на Полкот за специјални операции за војување во зимски услови, како и обновување на техниките и процедурите за борба во урбана средина, користејќи ги искуствата од специјалните операции во Авганистан.

Обуката меѓу армиите на Република Македонија и на Соединетите Американски држави се реализира во периодот од 1 до 28 февруари, и тоа на две локации. Првиот дел од обуката „Борба во зимски услови“ е на Попова Шапка, додека вториот дел од обуката „Индивидуална обука/ борба во урбана средина“, ќе се реализира на АП „Криволак“.

Соработката во областа на одбраната помеѓу Република Македонија и Соединетите Американски Држави се развива уште од 1994 година, кога беше потпишан Меморандумот за соработка во областа на одбраната, трет по ред по Меморандумите за соработка со Словенија и Турција, додека во 2008 година потпишана беше и Декларацијата за стратешко партнерство.

Низ досегашните проекти за соработка и обука, во одбранбениот систем на Република Македонија вложени се над 128 милиони американски долари со што во голема мера се придонесе кон достигнувањето на највисоките стандарди на интероперативност. Потврда за тоа беше и заедничката деветмесечна мисија „Феникс“ кога припадници на АРМ заедно со Националната Гарда на Вермонт спроведуваа комплексна мисија на обука и менторирање на авганистанските безбедносни сили.

Досега од страна на САД одликувани се вкупно 152 припадници на Армијата на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Мисајловски: Со реформата конечно го решивме прашањето на професионалните војници

Професионалните војници по 45 години ќе можат да останат во Армијата со договор на неопределено време

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он