МЗ: Јавното здравство со законски измени ќе ги презема медицинските сестри останати без работа

Од:

Министерството за здравство соопшти дека подготвени се измени на Законот за здравствена заштита за преземање во јавното здравство на медицински сестри кои претходно работеле во приватни здравствени установи основани под закуп во здравствените домови, а по различни основи во меѓувреме останале без работа.

За таа цел, како што се наведува, во измените на Законот внесена е одредба согласно која медицинските сестри кои ќе останат без работа да бидат преземани во јавни здравствени установи.

Овие законски измени ќе влезат во процедура во текот на следната недела. Во моментов се извршуваат пошироки консултации со сите релевантни чинители кои се засегнати од законските одредби. Исто така, со измените ќе биде опфатена и можноста за преземање доктори на медицина, стоматолози и фармацевти од приватно во јавно здравство, посочуваат од Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Меџити: Информацијата за укинување на организациските директори доставена до Владата

Ана Ололовска

Манолева: Преговараме за обезбедување дополнителни средства за набавка на нови количини „трикафта“

Ана Ололовска

Манолева: Има подобрување на националниот опфат кај редовните вакцини за деца, но не е достигнат препорачаниот праг за колективен имунитет

Ана Ололовска

Меџити: Интензивно работиме на долготрајно, ефективно и квалитетно решение за проблемот со „Трикафта“

Ана Ололовска

Лекарска комора побара да му се одземе привремено лиценцата на анестезиологот што снимаше

A1on

Лекарската комора ќе информира за преземените мерки за случајот со докторот од тетовската Болница

Ана Ололовска