Тридневен мини-саем на книгата во кривопаланечката библиотека

Од:

Од денеска до сабота во градската библиотека „Кочо Рацин“ при Национална установа Центар за кулутра, Крива Паланка отворен е мини-саем на книгата.

Саемот се реализира во соработка со издавачката куќа „Матица Македонска“.

– Читателите можат да не посетат и да купат книги од „Матица Македонска“ по саемски цени, има иложено нивни популарни изданија, лектири, белетристика, книги за деца. Напоредно, на саемот се достапни и книги дел од понудата на библиотеката, новонабавени книги и наслови од расположлливиот постоен книжен фонд, кои може да се купат на штандовите. Целта е да се анимира читателската публика и да се промовира зачленување во библиотеката кое изнесува, симболични двесте денари за цела годинна, изјави Мира Ѓоргиевска, директор на НУЦК, Крива Паланка.

Во бибилиотеката „Кочо Рацин“ воведено е електронско водење евиденција на библиотечниот фонд кој изнесува над 30.000 наслови.

– Библиотеката располага со атуелни наслови белетристика, голем број лектирни изданија и стручна литература, од која најголем интерес кај читателите се пројавуваат за стручните книги од областа на медицината, додаде Ѓоргиевска.

Мини –саемот во Крива Паланка се реализира на штандови пред библиотеката и ќе трае до 20 октомври 2018.

Би можело да ве интересира

Интерактивна работилница за гатанаките во Градската библиотека во Скопје

Ана Ололовска

Промоција на монографијата „Чашуле: Приказнувачот“ на Ана Стојаноска на фестивалот „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

Ана Ололовска

Работилница за книжевен превод „Без фусноти“

Ана Ололовска

Промоција на книга на Оливера Доцевска во Белград

Ана Ололовска

Промоција на романот „Полиглот“ од Игор Станојоски

Ана Ололовска

Избор од поетското творештво на Иван Антоновски објавен во Србија

Ана Ололовска