Поголем дел од корисниците на електрична енергија во градот Гевгелија и околните населени места утре 10 часа ќе немаат струја поради изведување неопходни инвестициски зафати за подобрување на електро-мрежата.
Од гевгелиски ЕВН денеска соопштија дека во времето од 7 до 17 часот без електрично напојување ќе бидат фабриките во индустриската зона во северниот дел од градот Гевгелија и корисниците на булеварот „Гевгелија“ улиците „Маршал Тито“, „7 Ноември“, „Ристо Фршинин“ и „Илија Миов“, како и хотел казиното „Аполонија“.
Во околината на градот, утре прекин во електроснабдувањето ќе има во село Мрзенци, индустриската зона „Блокотехна“, оранжериите кај селото Прдејци, хотел казиното „Принцес“ и бензинската пумпа „Шимов“ на граничниот премин Богородица. Без струја, исто така, ќе бидат и сите индустриски корисници на излезот од Гевгелија кон селото Моин, вклучително и селата Моин и Ново Конско.