Во Битола Спомен плоча на загинати италијански војници од Првата светска војна

Од:

Општина Битола и италијанската амбасада во Република Македонија ќе постават Спомен плоча на загинатите италијански војници на македонскиот фронт во Првата светска војна.

Валентин Груевски, претседател на Совет на општина Битола за МИА изјави дека иницијативата на италијанската амбасада е прифатена и истата се совпаѓа со бројните активности посветени на 100 годишнината од крајот на Првата светска војна.

– Според одлуката, изградбата на спомен плоча на загинатите над 8.000 италијански војници на македонскиот фронт ќе се изврши на посебна локација во битолскиот Градски парк. Составен дел на оваа одлука се микролокациските услови за поставување на спомен-плоча на загинатите италијански војници на македонскиот фронт. Целата активност е во координација со италијанската амбасада и во рамки на програмата за одбележување на значајни историски настани, донесена од Советот на општина Битола, потврди Груевски.

Општина Битола во текот на 2018 година приреди повеќе настани, научни манифестации и овозможи подигнување на спомен обележја посветени на 100 годишнината од завршувањето на Првата светска војна.

Би можело да ве интересира

26-годишна жена од Битола осомничена за обид за убиство на нејзините баба и дедо

Горан Наумовски

Денеска во дигиталната судница во Идризово почнува судењето за „Адитив“

Во Битола ноќеска беа опожарени „тојота“, „фолксваген пасат“ и „дачиа логан“

Врне снег во Охрид, Скопје и во Битола

Горан Наумовски

Земјотрес e почувствуван во Битола и околината

Општина Битола издвои два милиони денари за семејствата на починатите и за повредените во пожарот во Кочани