Лидерите на ЕУ проценија дека нема доволен напредок за Брегзит за да се свика вонреден самит

Од:

Лидерите на ЕУ сметаат дека нема доволно напредок во преговорите за Брегзит, за да се свика вонреден самит во ноември, изјавија официјални претставници на ЕУ.

-Лидерите на 27-те членки (држави челенки на ЕУ без Велика Британија) забележаа дека и покрај интензивните преговори не е постигнат доволен напредок, изјави извор, кој присуствувал на работната вечер на лидерите.

-Лидерите се подготвени да го свикаат Европскиот совет ако и кога главниот преговарач на ЕУ извести дека е направен голем напредок. Засега 27-те членки не планираат да одржат вонреден самит на врвот по Брегзит во ноември, рече изворот.

Лидерите на 27-те го повикаа главниот преговарач Мишел Барние да продолжи со своите напори да се постигне договор.

Би можело да ве интересира

Кремљ: Ударот со хиперсонични ракети е предупредување за Западот

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Британскиот министер за одбрана: Очекуваме САД да ја поддржат Украина се додека е потребно