А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

ЕСЕТ: Хакерска група нападнала компании во Украина и Полска

by А1он17/10/2018 - 16:57121
Share0

Хакери, со софистициран малициозен софтвер ги заразиле компјутерите на три енергетски и транспортни компании во Украина и Полска, по што можат да планираат деструктивни кибер напади, соопшти фирмата за кибер безбедност ЕСЕТ (ESET).

Следете a1on на Instagram Instagram

Фирмата за кибер безбедност, чија централа е во Словачка, објави извештај на свои аналитичари, во кој не се наведува конкретна држава која стоела зад хакерските активности, регистрирани меѓу 2015 и средината на 2018 година, но одговорноста за тоа се припишува на група, која според британските власти, е поврзана со руското воено разузнавање.

– За случајот е важно тоа што тие се се уште активни, изјави соработник на ЕСЕТ, пренесува БТА.

Кремљ негираше каква било поврзаност со наводната хакерска активност.

Следете a1on на Youtube YouTube

ЕСЕТ не прецизира кои се трите погодени компании во Украина и Полска.

Украинската кибер-полиција потврди дека имало напади врз две украински компании, но одби да даде повеќе детали.
Полското контраразузнавање одби коментар.

Компанијата ЕСЕТ учествувала во истрагата на серија кибер напади во Украина во последниве години, вклучувајќи го и оној против украинската електроенергетска мрежа во 2015 година.

Според неа, хакерите кои ја нападнале електроенергетската мрежа на Украина со вирусот „Блек енерџи”, сега користат нов вирус, наречен „Греј енерџи“, кој бил употребен за нападот против трите засегнати компании.

polskaukraina

Би можело да ве интересира

Москва: Руските сили извршија ракетен напад врз воено-индустрискиот комплекс во Киев

Горан Наумовски08/08/2026 - 21:02

Кулеба: Расте ризикот од напади врз Украинци во Полска

Горан Наумовски08/08/2026 - 21:01

Маск го одбил барањето на Киев „Старлинк“ да се користи за напади длабоко во Русија

Горан Наумовски08/08/2026 - 21:01

Украина ги менува правилата на играта: Ветува дека нема да напаѓа танкери

Горан Наумовски08/08/2026 - 20:5208/08/2026 - 20:56

Украина: Не го насочивме дронот кон Бугарија

Горан Наумовски08/08/2026 - 19:50

Зеленски: Украина нема време за евроскептицизам, ни требаат пари за да преживееме

Горан Наумовски08/08/2026 - 14:24
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео