Праисториски и средновековни предмети претставени на Изложба во Неготино

Од:

Во Музеј на град Неготино денеска беше отворена Изложбата „Археолошки истражувања на Мали Дол, село Тремник”, финансирана од Министерството за култура на Република Македонија, како проект од национално значење.

Изложени се 54 предмети изработени од керамика, метал, стаклена паста. Се работи за урни, накит, чинии и чаши и слично, кои потекнуваат од праисторискиот и средновековниот период. Предметите се резултат на деветгодишното систематско истражување на локалитетот, под раководство на Александра Папазова, кустос-советник и доктор по археолошки науки од НУ Археолошки музеј на Македонија.

– Оваа изложба има за цел да ја презентира материјалната култура која е откриена со истражувањата на некрополите во овој локалитет, а очекуваме да предизвика голем интерес кај посетителите, како и од научната јавност бидејќи локалитети од праисторискиот период на поширокото подрачје на општината на кое се вршени опсежни истражувања, не се познати, рече директорката Драгица Чекорова, изразувајќи надеж дека истражувањата ќе продолжат и во иднина.

Изложбата е организирана како резултат на долгогодишната соработка помеѓу неготинскиот музеј, НУ Археолошки музеј на Македонија, Институтот за историја на уметност и археологија при Филозофскиот факултет Скопје, Управата за заштита на културното наследство на Македонија и Министерството за култура.

Стручен осврт кон изложбата, за археолошките ископувања, за предметите и периодот од кој потекнуваат, даде магистер Горан Санев, директор на НУ Археолошки музеј на Македонија, а изложбата ја промовираше проф. д-р Драги Митревски.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска