Москва: Можно е експлозијата на колеџот на Крим да е терористички напад

Од:

Трагични вести доаѓаат од Керч поврзани со експлозијата. Претседателот беше информиран. Податоците за убиените и бројот на повредени постојано се зголемуваат, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

-Се разгледуваат информациите за тоа дали е извршен терористички напад, рече тој.

– Претседателот му наложи на Министерството за здравство и спасувачките служби да преземат итни мерки за да им помогнат на жртвите на оваа експлозија, доколку е потребно, за да се обезбеди итен превоз на сериозно повредените пациенти до водечките медицински установи во Русија, без разлика дали во Москва или во други градови, додаде Песков.

Најмалку десет лица загинале, а десетици се повредени во силна експлозија која денеска одекна на Техничкиот колеџ во Керч, во источниот дел на Крим.

Според првичните информации, можна причина за експлозијата е истекување гас во мензата на колеџот, јавуваат локалните медиуми повкувајќи се на очевидци.

Според едни извори, во експлозијата се повредени 40 лица, а според други, 50 луѓе. Некои руски медиуми јавија дека се повредени 70 луѓе.

На лице место има многу возила на Брза помош и пожарникари, а во болница до сега се пренесени 18 лица.

Би можело да ве интересира

Белоусов: Руските вооружени сили ги „згазија“ најдобрите украински единици

Горан Наумовски

Русија: Сите боеви глави на ракетата „Орешник“ стигнаа до целта

Лавров: Западот почнува да сфаќа дека ќе остане само дел од Украина

Американската разузнавачка служба ги предупреди одбранбените компании за заканата од руска саботажа

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски