Бугарската академска сликарка Десислава Минчева по повеќе од 40 години повторно ќе ги изложи своите дела пред штипјани.
Изложбата е насловена „Во потрага по несовршената убавина“ и ќе биде отворена вечер од 19.30 часот во уметничката галерија „Безистен“. Последен пат нејзини слики во оваа галерија биле изложени во 1975 година.
– Овде донесов 25-26 мои слики. Станува збор за позначајни остварувања кои сум ги направила во последните две до три години. Сликани се во техника пастел, но има и мешавини од темпера, рече Минчева.
Таа потекнува од сликарско семејство и целиот свој живот твори. Главно е ориентирана кон сликање портрети и пејзажи.
Нејзини дела се во колекциите на национални галерии или фондации во Бугарија, Холандија, Германија, Велика Британија и Кина.