Четири лица со тешки повреди и 14 со полесни во 18 сообраќајки вчера во Скопје

Од:

Двајца пешаци, еден возач на патничко моторно возило и еден патник во автобус се здобиле со тешки телесни повреди, 14 со полесни телесни повреди во вкупно 18 сообраќајни несреќи што се случиле на подрачјето на Град Скопје. Во шест од сообраќајките е регистрирана само материјална штета.

Според полицискиот извештај на СВР Скопје, 23 возачи се движеле со поголема брзина од дозволената, 27 возачи биле исклучени од сообраќај, од кои двајца поради управување под дејство на алкохол, 20 без стекнато право на управување со моторно возило и пет возачи почетници.

Од сообраќај полицијата исклучила 18 возила зашто не биле регистрирани.

Непрописно паркирани биле 85 возила, а пајак службата подигнала 71 возило.

Полицијата санкционирала и еден пешак кој поминал коловоз на црвено светло, шест возачи кои поминале крстосница на црвено светло, и тројца за не користење на заштитен шлем од страна на возачите на вел со мотор, мопед и мотоцикл.

Би можело да ве интересира

Сообраќајот за тешки возила кон Г.П. „Блаце“ се пренасочува преку бензинската пумпа „Дизел“

Прекин на сообраќајот на регионалниот пат Куманово – премин Пелинце

Нормализиран сообраќајот на патот Бошков мост – Дебар

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози

Промени во Законот за безбедност на сообраќајот: Реакции и вело-пријателски предлози

Сообраќајот се одвива по наместа влажни коловози