Промоција на примери и добри практики за заеднички ученички активности

Од:

Во Младинскиот културен центар – Скопје денеска во рамки на проектот на УСАИД за меѓуетничка интеграција на младите во образованието ќе организира јавен настан за промовирање на примери и добри практики за заеднички ученички активности кои се спроведуваат во училиштата низ Македонија во рамки на проектот.

Целта на ваквите активности во кои учествуваат млади од различни етнички заедници е да се подобри меѓуетничката соработка и интеграција меѓу нив, како и да се зајакнат нивните граѓански и демократски вредности.

Покрај ученици и наставници, на настанот ќе присуствуваат и претставници од образовните институции, меѓународни организации, невладини организации и други.

Во првата година од имплементација на проектот, беа спроведени повеќе од 400 заеднички ученички активности, младински иницијативи, креативни работилници и јавни дискусии во кои учествуваа повеќе од 2.300 ученици од различни етнички заедници.

Би можело да ве интересира

Нема докази дека Хамас ја краде хуманитарната помош во Газа, соопшти USAID

(ВИДЕО) Ангелковска: ВМРО-ДПМНЕ системски го партизира и образованието, постоечките образовни асистенти заменети со нови партиски кадри

Донесовме одлука за етапно покачување на платите на наставниците во период од четири години, вели Јаневска

За следната учебна година ќе има учебници за секое дете, вели министерката Јаневска

Деканите на Сити Колеџ: Ние ги градиме идните лидери!

A1on

Дефинитивно крај за УСАИД: „Готово е, благодарение на претседателот Трамп“