Денеска од фабриката Шкода излезе 15 милионитиот автомобил, станува збор за сребрена Шкода Октавија од третата генерација, а истата ќе се користи како ВИП возило.
Најголемата автомобилска индустрија од Чешка на почетокот на минатата година го произведе 14-милионитиот автомобил.
Само во последните шест години од погоните на „Шкода“ се излезени околу пет милиони автомобили.