Нухиу: Странските борци се сметаат за терористичка закана по враќањето во нивната земја

Од:

Заменик-министерот за внатрешни работи, Агим Нухиу, се обрати на отворањето на Третата меѓународна конференција „Профилирање и идентификација на странски борци повратници“, што во организација на МВР и мисијата на ОБСЕ во Република Македонија денеска и во наредните три дена се одржува во Охрид.

„Странските борци се поврзуваат со меѓународните терористички мрежи и поради тоа се сметаат за терористичка закана по враќањето во нивната држава на потекло или вообичаено живеење“, рече меѓу другото заменик-министерот за внатрешни работи.

Тој додаде дека согледувајќи ја природата на овој глобален феномен, Министерството за внатрешни работи се посветило на остварување активности во насоки на спречување трансфер на странски борци кои имаат намера да вршат напади на цели низ Европа; потоа детектирање на евентуални врски помеѓу терористите со криминалните мрежи кои го „олеснуваат“ криумчарењето на безбедносно-ризични лица; како и за зајакнување на меѓународната соработка, како клучна алатка за рана детекција и навремено попречување на овие безбедносни ризици и закани.

На конференцијата покрај претставници на полициите на земјите од регионот, присуствуваат и претставници од повеќе високообразовни институции од сферата на безбедноста, невладини граѓански здруженија, како и претставници од други институции.

Би можело да ве интересира

Две и пол години затвор за вработената во МВР што фалсификуваше возачки дозволи

Кривична за четири лица за десет кражби

А1он

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец