Османи: Македонија станува топ бизнис дестинација за европските компании

Од:

Македонија и Шведска имаат исклучително позитивни и пријателски политички односи, што претставува широк потенцијал за соработка и на двете економии. Ова го истакнал вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи на средбата со Карл Јохан Хедберг и Един Чолак, претставници на „Бизнис Шведска“, чија улога е да ги истражат и промовираат бизнис потенцијалите за шведските компании.

Османи на средбата, како што информира Секретаријатот за европски прашања, посочил на активностите на шведската држава, како во напредокот на европските и евроатлантските интеграции на земјата, така и на директната билатерална помош што Шведска ја обезбедува за Македонија.

– Македонија се наоѓа на почеток од последната фаза за полноправно членство во Европскта унијата – објаснувачкиот скрининг пред почетокот на преговорите, што значи и целосна синхронизација на нашата економија и општество со она на Унијата, нагласил Османи.

Според него, следниот период е најдобра бизнис можност за директни странски инвестиции, со оглед на политичкиот, институционалниот и општествениот напредок кој државата го очекува.

„Бизнис Шведска“ (Business Sweden) претставува партнерска институција на Владата и шведскиот бизнис сектор, чија улога е да обезбеди потенцијал за економска и бизнис размена на шведската економија, да ги утврди и промовира бизнис и економските можности за соработка и да обезбеди пристап на шведските компаниите до странските пазари и можности за инвестирање.

Би можело да ве интересира

Бизнис заедницата бара повлекување и запирање на предлог Законот за данок на солидарност

Потпретседател на ССК проф. д-р Симов: ИКТ секторот, туризмот и агро бизнисот главни сектори за соработка со Бугарија

Ана Ололовска

Економијата на САД во март отворила 431.000 работни места, добар знак за Администрацијата на Бајден

А1он

Ќе се подобрува бизнис климата за развој на женското претприемништво

Ана Ололовска

Инфософт групацијата прослави 30 години постоење!

Ана Ололовска

Избрани најдобрите „зелени бизнис идеи“ за годинава

Жарко Настоски