Парното нема да поевтини

Од:

До регулаторната комисија за енергетика не е пристигнато никакво барање за корекција на цената на парното греење, објави 24 Вести.

Телевизијата додава дека речиси е неизводливо поевтинување на парното греење во скоро време.

Балкан Енерџи Груп која го превзема топлификацискиот бизнис не може ниту формално-правно да поднесе барање затоа што постоечкиот правилник кој утврдува приходи и цени и со кој практично се утврдува цената, не е во согласност со законот за енергетика, вели за телевизијата висок извор од регулаторна.

Ова значи дека воопшто не се создадени услови дури и да се поднесе барањето, а дури потоа да се разгледува и да се донесе одлука за нова пониска цена на парното греење.

Би можело да ве интересира

Бислимовски: Со новиот Закон за енергетика се оди кон либерализација на пазарите што поттикнува инвестиции

Божиновска: Регионалната соработка е од особена важност за енергетската трансформација

Божиновска најави ревизија на сите државни институции во делот на енергетика

Катерина Ѓуровски

Во првите сто дена од новата влада Мицкоски најави проект во енергетиката, две инвестиции и проширување на други две

А1он

Собраниска комисија нема да расправа за гасните централи и соларните паркови

A1on

Граѓаните на Македонија плаќаат најскапа струја: Конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач би им донела пониски сметки

А1он