(ВИДЕО) За Мухиќ сега договорот е добар: Капата ја сменивме, главата не

Од:

Пратеникот Ферид Mухиќ порача дека ќе гласа „за“ уставните измени. Тој спротивно на претходните негови излагања кога го критикуваше Договорот и гласаше против, сега рече дека се разјасниле повеќе дилеми.

„Се замислив, сфатив дека има три елементи кои треба да се разбистрат . Прво мандатот на оваа Влада да го менува името. Второ дали е лош или добар договорот, а третиот клучен проблем е каква е пораката од референдумот“, рече Мухиќ.

Оваа Влада, според него, неспорно е дека има мандат да го води процесот за промена на името.

Во однос на договорот, тој рече дека и претходно кажал оти договорот е лош, меѓутоа сега гледа дека не можело да биде постигнат подобар договор.

„Нема потреба да се расправа сега што можеше да се направи , кога сте прифатиле да го смените името. Ако не оваа, некоја следна Влада ќе мора да потпише ваков догвор, доколку сакаме во ЕУ и НАТО“, рече Мухиќ.

Говорејќи за референдумот, Мухиќ истакна дека цензусот не е исполнет, но опозицијата греши кога вели дека милион и 200 рекле „не“, а тоа не е така бидејќи тие не кажале ништо.

„Се слушнаа гласно 600 илјади граѓани кои рекоа ‘да’“, рече Мухиќ и потенцира дека би било прекрасно да може сите 120 пратеници да гласаат „за“.

Галена Николовска-Ризвановиќ

Би можело да ве интересира

Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот без присуство на мнозинството донесе одлука за одржување Надзорна расправа за трагедијата во Кочани

Пратениците ја изгласаа Фискална стратегија на Република Македонија за 2026 – 2030 година

Горан Наумовски

Змија предизвика хаос во Собранието на БиХ: Поради „небезбедни услови“, седницата беше откажана, наредена е истрага

Алиу и Хоџа се дел од еден важен процес на освежување, вели Мицкоски

На собраниската седница во понеделник ќе се дебатира за новите кадровски решенија на Владата

Безбедносната зона околу Собрание не била за да нема протести, туку заштита од градење на приватни субјекти