Се „топи“ шансата за поддршка на измените во Уставот од 80 пратеници

Од:

Уште 60-тина пратеници се пријавени за дебата за предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија поднесен од Владата.

Гласањето за дневниот ред, но и досегашните дебати и реплики, не покажуваат дека Заев успеал да обезбеди 80 пратенички гласови. Само 71 пратеник, оние кои и пред почетокот на кампањата се изјаснија дека го подржуваат референдумот, гласаа за отворање на седницата.

Иако се најавуваше дека е обезбеден и гласот на Ферид Мухиќ, независниот пратеник од владеачката коалиција, не гласаше за дневниот ред за собраниската седница за уставни измени во согласност со Договорот од Преспа.

За збор се пријавени и други пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за кои се шпекулираше дека нема да го почитуваат партискиот став и ќе гласаат за измени во Уставот.

Со ова се помали се шансите за обезбедување на двотретинско мнозинство за поддршка на амандманите на Уставот, иако од мнозинството убедуваат дека шансите се уште постојат.Се очекува ВМРО-ДПМНЕ да се позиционира по понудата на Заев за политичко помирување за настаните на 27 април.

Во моментов партениците се на вообичаената едночасовна пауза.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада