Почна седницата за Предлогот за пристапување кон уставни измени

Од:

Собранието на Република Македонија ја започна 61. седница на која на дневен ред e Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија со насоки за негово изменување и дополнување поднесен од Владата.

Дневниот ред на седницата беше усвоен со 71 глас „За“ и 40 гласа „Против“.

Претходно, пратеникот Илија Димовски предложи да се симне точката од дневниот ред, но тоа беше отфрлено со 67 гласа „Против“.

Во салата се пратениците од сите пратенички групи, а предлогот да го образложува премиерот Зоран Заев. На седницата присуствува и министерот за надворешни работи Никола Димитров.

Пред седницата координација во седиштето на партијата одржаа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он

Собранието ја одобри постапката за укинување на техничката влада

Горан Наумовски

Собранието ќе расправа за законските измани за укинување на техничката влада