На 14 октомври се одржа планинарска акција „Милениумска патека“, во организација на Комисијата за односи со верските заедници, Планинарскиот клуб Јелак и МПЦ-ОА, во чест на милениумскиот јубилеј 1000 години Охридска архиепископија.
Планинарите одеа по ново поставената планинарска патека на падините на Сува Гора и имаа прилика да ги посетат многубројните православни храмови, како и археолошките локалитети кои се наоѓаат во тој прекрасен предел.
На планинарите во акцијата им се приклучија и Митрополитот Тетовско-гостиварски Г. Јосиф и директорот на Комисијата за односи со верските заедници Даријан Сотировски.