ВИДЕО: Пожарот во селото Белица ставен под контрола

Од:

Пламени јазици му се закануваа на кичевското село Белица, каде што пожарот со часови беснееше, а мештаните молеа за помош од надлежните, апелирајќи дека со голи раце не можат да се справат со огнената стихија. Ноќеска, по интервенција на службите и доброволците, пожарот е локализиран и нема опасност, објавија мештаните на фејсбук-страницата на Белица.

Kako informacija do site nadlezni sluzbi za POZARI pred Belica koga se ide od Kicevo ima eden pozar drug pozar kaj ribnikot i tret pozar ima kaj seloto Prostranje znaci na ovoj del imalo 3 pozari

Posted by BELICA – БЕЛИЦА on Недела, 14 октомври 2018

„По интервенција на надлежните служби, пожарот пред влезот на нашето село е локализиран, има останато уште некое мало пламенче. Во име на месната задница од село Белица, голема благодарност до надлежните институции, кои навремено реагираа да не се случи голема катастрофа во нашето село Белица“, се вели во статусот објавен на Фејсбук.

Momentalno pozarot se dvizi iznad patot kaj velidol gori prema Meskoec. Snimkata e napravena od krastata. Nemam informaci deka ima sluzbi za gasnenje

Posted by BELICA – БЕЛИЦА on Недела, 14 октомври 2018

Мештаните објавија видеа од тоа како пожарот брзо се шири кон селото, а први на удар биле плевните на земјоделците, велат мештаните.

Пожарот избувнал вчера попладне пред самото село, но во исто време биле активни уште два пожари – едниот на патот од Кичево, другиот кај рибникот и трет пожар кај селото Прострање. Огнот почнал да се движи кон Мескоец.

Posted by BELICA – БЕЛИЦА on Недела, 14 октомври 2018

Сушата, сувата трева и лисјата што почнуваат да паѓаат од стеблата и ветерот го потпомагаат ширењето на овие шумски пожари на поширокиот регион и го отежнуваат нивното локализирање.

Би можело да ве интересира

Сопственичката на ноќниот клуб во Швајцарија избега со полна каса пари додека луѓе гинеа во пожарот

А1он

ЦУК: Од обилните врнежи има поплавени куќи во Охрид и Кичево, евакуирани се 100 лица

Маж загина во пожар во болница во близина на Тулон, 32 лица се евакуирани

Расправија во кичевско прерасна во напад – ранетиот итно е пренесен во Скопје

Горан Наумовски

Младиот Стивен Ивановски меѓу починатите во пожарот во Кран Монтана

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Едногодишно дете настрада во пожар што избувна во куќа во Призрен

Горан Наумовски