Арифи: Членството во ЕУ останува стратешки приоритет

Од:

Членството во ЕУ останува стратешки приоритет на земјата и во таа насока ќе се продолжи со спроведувањето на неопходните реформи, истакна заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања Теута Арифи на денешната средба во Владата со амбасадорот на Ирска Оливер Гроган.

Како што соопшти прес службата на СЕП, на средбата Арифи се осврна конкретно на активностите кои што се поврзани со акцискиот план за исполнување на обврските од Пристапниот дијалог на високо ниво, со што Македонија отвори една нова страница во насока на приближување на земјата кон ЕУ.

Амбасадорот Гроган ја поздрави посветеноста на државните институции во процесот на европска интеграција и истакна дека е неопходно да се задржи позитивниот пристап, со цел Македонија повторно да добие позитивни оценки во пролетниот извештај на Европската комисија. Тој исто така нагласи дека Ирска како претседавач во ЕУ ја поддржува политиката на проширување и интеграцијата на Македонија во ЕУ.

Би можело да ве интересира

„Политико“: Операцијата на САД против Иран го одвлече вниманието на ЕУ од Украина

Русија: Целта на ограничувањето на руската мисија во ЕУ е да се попречат дипломатските напори

Сиљановска-Давкова: Европа не може да биде целосно безбедна се додека Западен Балкан е надвор од Европската Унија

Вајц: Македонија да испорача реформи, а ЕУ да ги исполни своите обврски

Лавров: Русија ќе започне преговори кога претставниците на ЕУ ќе се вразумат

Зеленски бара мировниот договор да го содржи точниот датум за пристапување на Украина во ЕУ