Федерер не се откажува ниту на 37

Од:

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го загуби полуфиналето на Мастерсот во Шангај од Хрватот Борна Чориќ со 2-0. По натпреварот, Федерер беше запрашан од новинарите за евентуално негово пензионирање.

– Дали ќе играм тенис и следната сезона? Да! – потенцира се уште вториот светски рекет кој од понеделник ќе падне на третата позиција.

Триесет и седум годишниот Федерер го призна поразот од Чориќ и рече дека противникот подобро сервирал и го удирал топчето.

– Беше подобар. Јас лошо ги започнав двата сета, него му одеше сервисот и тоа пресуди на брзата подлога во Шангај, истакна Федерер.

Чориќ утре во финалето ќе се сретне со Новак Ѓоковиќ.

Би можело да ве интересира

Зверев и Пол во третото коло на Австралија Опен

Откажан Австралија опен

Парсел призна дека ги прекршил правилата за антидопинг

На тенисерот Меншик му побараа антидопинг тест среде натпревар

Горан Наумовски

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Федерер му се поклони на Надал: Никој не ме предизвикал како тебе

А1он