Девет странски државјанки уапсени во угостителски објект во Тетово

Од:

Девет странски државјанки се уапсени рано изутрината во угостителски објект во Тетово, кои при акциска контрола на полицијата се затекнати како со уште две македонски државјанки ги забавувале гостите.

Како што соопшти МВР, полициската акција е спроведена синоќа во еден часот по полноќ во угостителски објект на улица „Коле Неделковски“ во Тетово, сопственост на А.Б.(41) од село Селце.

Во објектот биле затекнати 11 женски лица кои ги забавувале гостите, седум од Србија, две од Албанија и две Македонија.

Странските државјанки биле лишени од слобода и предадени во Отсекот за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија за натамошна постапка.

Би можело да ве интересира

Граѓанците да ги ажурираат податоците за „Безбеден град“, повика МВР

Тешко повредени тројца пешаци во три сообраќајни несреќи

Стопанска комора: Потребни се решенија, не блокади на граничните премини

Од 12 часот стоп за камионите на границите, МВР гарантира проток за автомобили и автобуси

Горан Наумовски

Лажни електронски пораки во име на директорот на БЈБ и од Единица за кибер безбедност, апел од МВР за внимателност

Се појавија лажни пораки, наводно испратени од „Безбеден град“ – МВР апелира да не се споделуваат лични податоци

А1он