Во Индустриската зона „Мамутчево“ ќе започне изградбата на систем за водоснабдување

Од:

Во понеделник ќе започнат градежните работи на водоснабдителниот систем во Индустриската зона „Мамутчево“, информираат од општина Велес.

Прво ќе се изгради резервоарски простор со зафатнина од 500 метри кубни, а рокот за изградба според договорот е 75 дена.

Изведувачот на работите на проектот „Изградба на систем за водоснабдување во Индустриска зона „Мамутчево” е Друштвото за градежништво, трговија и услуги „Евро-Инженеринг увоз- извоз ДООЕЛ“- Велес.

Надзор над изведбата на градежно монтажните работи е „ДГУТГМ Интерградба-ЛА Аце ДООЕЛ увоз – извоз“.

Вредноста на договорот е 8 милиони 692 илјади 499 денари од кои 6 милиони 952 илјади 714 денари се обезбедени од Бирото за регионален развој, а 1милион 749 илјади и 785 денари се учество на Општина Велес.

Како што информираат од Општина Велес потоа ќе се гради и водоводна линија и систем за фекална канализација. Оттаму динамизирање на активностите за изградба на комуналната инфраструктура во ИЗ „Мамутчево“.

-Сето тоа со цел во најкраток рок да се обезбедат сите услови за непречен развој на зоната. Со тоа ќе им се овозможи и започнување на работите за заинтересираните инвеститори, велат од општина Велес.

Тие посочуваат дека раководниот тим на општина Велес веќе е во разговори со заинтересирани инвестотори за градење во оваа атрактивна индустриска зона.

Инаку Индустриската зона „Мамутчево“ која се протега на 67 хектари, се наоѓа во непосредна близина на експресниот пат Велес – Штип. Од општина Велес информираат дека во зоната првенствено ќе градат компании од лесна и незагадувачка индустрија.

Би можело да ве интересира

Цените на индустриските производи во јули непроменети на месечно ниво

Конечно се враќа довербата во бизнис заедницата, имаме стабилна Влада, вели Мицкоски

Зголемен бројот на работниците во индустријата

Вкупниот прометот во индустријата во април намален за седум отсто

Намален прометот во индустријата

Зголемен бројот на работниците во индустријата