Јанис Стурнарас, грчкиот министер за финансии, по пошта му е испратено куршум, а закана му упатила и групата која протестира поради запленети недвижности на лица со кредитни долгови.
Пакетот му е испратен од малку познатата група Кретска револуција, во знак на протест. Групата го предупредила Стурнарас државата да не презема мерки околу запленетите куќи и имоти, вели во полицискиот извор на кој се повикува Ројтерс.
Во изминатите неколку недели во Грција имаше неколку мали инциденти, вклучувајќи и експлозија на бомба пред зграда во кој живеат новинари и политичари, како и пукања на канцеларија која ја корисити премиерот Антонис Самарас.
Во експлозија на бомба во трговски центар во Атина минатиот месец беа ранети две лица. Одговорноста за некои од неодамнешните напади ја презема левичарска група која се противи на капиталозмот.