Реал Мадрид ја започна одбраната на својата титула во Евролигата со победа над Дарушафака Истанбул со 109:93.
Шпанците покажаа одлична игра и без Лука Дончиќ, на радост на над 8.000 гледачи. Новите засилувања Габриел Дек и Клемен Препелиќ, како и враќањето во игра на Огнен Кузмиќ беше во основата на силната игра на „белите“.
Победниците запишаа 44,1 отсто успешност од тројка (15/34), а најмногу поени постигна Ентони Рендолф – 16.
Џеј Си Керол додаде 14, Серхио Љул, Џеф Тејлор и Фабио Козер додадоа по 13. За Дарушафака најпрецизен беше Реј МекКалум со 18 поени.
Резултати од вчерашните натпревари во Евролигата:
Реал Мадрид – Дарушафака (Истанбул) 109: 93
Панатинаикос – Макаби (Тел Авив) 89:84
Баерн Минхен – Анадолу Ефес 71:90
ЦСКА Москва – Барселона 95:75.