Дводневен научен симпозиум за Источно-црковно пеење во Македонија

Од:

Во Струмица вечер почнува дводневниот научен симпозиум за Источно-црковно пеење. Ќе се одржи во храмот „Свети петнаесет тивериополски свештеномаченци“, а е во организација на НУЦК „Антон Панов“ и Струмичката епархија.

Според раководителот на проектот, Киро Козаров, досегашните седум фестивали на Источно-црковно пеење ги мотивирале хоровите, но својата натамошна мисија ја гледа и во насочување кон научната мисла и истражувачите.

– Организирањето на научен симпозиум беше неопходност. Сакаме на едно место да ги собереме значајните и релеватните истражувачи и да ги соочиме нивните трудови (аргументи и знаења) и да создадеме пракса на непосредна меѓусебна комункација меѓу истражувачите, хоровите, организаторите и публиката, рече Козаров.

Манифестацијата почнува вечер со промоција на трудот „Антологија на македонското црквно пеење“ од д-р Јане Коџабашија, а трудот ќе го промовира академик Луан Старова.

Ќе настапат и Градскиот женски хор „Менада“ од Тетово, под диригенство на Ивица Зориќ и Камерниот хор „Херувини“ од Скопје под диригенство на Мирјана Павловска Шулајковска.

Би можело да ве интересира

Г.г. Стефан: Ништо друго не може да ни даде сила и утеха освен надежта во воскресението

МПЦ-ОА замолува за достоинствено и христијанско однесување на погребите

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје