Во Прилеп отворена изложбата „Не-дефиниран урбанизам“

Од:

„Не–дефиниран урбанизам“ е изложбата што синоќа беше отворена во ликовната галерија при Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп од уметниците Катерина Деспот и Васка Сандева.

Според Лазе Трипков, вонреден професор и визуелен уметник и критичар, серијалот на Деспот и Сандева наречен не-дефиниран урбанизам е со посебна цел.

– Серијалот има цел да се спротивстави и да понуди можно сликарско-архитектонско видување како критички одговор на пренагласеното „преземање“ на зелените површини на Скопје. Уметниците Деспот и Сандева ја истражуваат и ја потврдуваат современата тенденција и културолошката врска минато – сегашност како парадигма на еден комплексен систем на урбани вредности и неговите недостатоци. Преку нивната авторска изложба посветена токму на солидарноста, визуелните ликовни и функционални истражувања на урбанистичкиот дискурс и претпоставениот „континуитет“, овозможуваат еден поинаков експресивен уметнички поглед, вели Трипков.

Катерина Деспот и Васка Сандева се професорки на катедрата за архитектура и дизајн на Ликовната академија во Штип при универзитетот „Гоце Делчев“.

Би можело да ве интересира

Со изложбата „Пет години КСП Центар – Јадро“, започна третото издание на Маалски фестивал

Во Утрехт изложба „5х10“, на дела на пет реномирани македонски фотографи

Изложба на мозаици „ Наследство во камен“ на Изет Зеќири

Горан Наумовски

Во Корча ќе се одржи промоција на македонски национални носии од Преспа

„Ретроспектива“ – самостојна изложба на Даме Затуровски

Изложба „Простор и тишина“ на Билјана Билбилоска