Сатирата, афоризмите и портрет карикатурите ќе доминараат денеска во Штип во рамки на манифестацијата „Денови на маргинализирани уметности“.
Оваа манифестација е дел од проектот на Министерството за култура, „Нов културен бран“ во организација на Здружението на граѓани „Медиа плус“ од Штип.
Под мотото „Моливот не е оружје, туку начин на размислување“, ќе се претстават делата на сатиричарот Јане Атанасов од Кочани, афористичарот Ацо Ѓоргиев од Струмица и на карикатуристот Методи
Андонов од Штип.
Пред присутните, уметниците ќе зборуват за нивната уметност, но и за
тоа дали навистина современото време на социјални медиуми ги стави овие уметности на маргините.
Настанот во Струмица ќе се одржи на 17 октомври во Домот на култура „Антон Панов“.