Зборувајќи пред Европскиот парламент во Стразбур, францускиот претседател Франсоа Оланд се заложи за една „диференцирана Европа“, пренесува дописникот на МИА од Стразбур.
Оддавајќи му почит на еден од своите политички ментори, францускиот претседател ја изложи визијата за „една дифренецирана Европа, која нема да биде Европа во две брзини, ниту Европа на карта“.
Според Оланд, државите членки на Европската унија треба да можат да одлучуваат на ниво на две или повеќе држави за да одат подоалеку во интеграцијата „да ангажираат проекти“ или „да ги хармонизираат политиките“ без притоа да го достигнат бројот на 27 земји членки.
Францускиот претседател тука како пример ја посочи Шенгенската зона и монетарната унија, за кои ако се одлучуваше со учество на сите земји, тие немаше да постојат.