Слоун Стивенс доби „вајлд кард“ за Кремљ Куп

Од:

Шампионката на УС Опен 2017 и финалистка на Ролан Гарос 2018, Слоун Стивенс, ќе настапина ВТА турнирот Кремљ куп во Москва.

Прес-службата на турнирот информира дека пристигнале многу барања за вајлд карти, но предност добила 25-годишната американска тенисерка.

-Нашиот избор падна на Слоун како една од највпечатливите спортистки. Се сеќаваме на нејзиниот триумф на УС Опен минатата година и се надеваме дека ќе има успешни игри во Москва, изјави директорот на женскиот турнир Алексеј Селиванов.

Американката се заблагодари на организаторот и рече дека со нетрпение го чека почетокот на турнирот.

– Од други девојки што имаат играно на овој куп слушнав многу добри работи. Нестрплива сум да дојдам во Москва. Се надевам дека ќе имам време да го видам овој прекрасен град, изјави Стивенс.

Турнирот во Москва ќе се игра од 13 до 21 октомври.

Би можело да ве интересира

Енди Мареј е новиот тренер на Новак Ѓоковиќ

Карлос Алкараз го победи Андреј Рубљев во второто коло на завршниот турнир во Торино

ВИДЕО: Рубљев збесна – се удираше и се раскрвави со рекет

Предраг Петровиќ

Синер: „Многу тешка ждрепка“

Предраг Петровиќ

Синер преку Ѓоковиќ до титулата во Шангај

Новак во полуфиналето на Шангај-посилен од енергичниот Чех