Пратениците в петок ќе ја продолжат расправата за уставните амандмани. Собранискиот спикер Талат Џафери кои претседава со Комисијата за уставни прашања, продолжението на денешната седница го закажа за после празникот. Претходно премиерот, Зоран Заев го образложи предлогот за уставните измени пред пратениците и ги повика сите да гласаат „за“.
„Во духот на транспарентноста, предлозите за измени на Уставот беа достапни за сите. Општиот увид и реакцииите од јавноста се дека нема ништо спорно. Академската јавност оцени дека се е во согласност со интересите на Македонија и меѓународните стандарди. Јасно се гледа дека измените заслужуваат поддршка од сите пратеници, за членство во ЕУ и НАТО и за подобар живот. Собранието е институцијата што треба да донесе одлука следејќи го интересот на граѓаните. Пратениците да донесат одлука по сопствено убедеување и без притисок од никого. Вашата одлука ќе ја испрати ФИРОМ во историјата“, им порача Заев на пратениците на почетокот на седницата на Комисијата.
Тој додаде дека треба да се прифати историската можност и повика на обединување за приоритетите, за просперитет на земјата, да донесе силна одлука. „Бидете оние што ќе ја поведат Македонија напред“, им порача Заев на пратениците.