Берлин ќе додели околу седум милијарди евра помош на сојузните држави за мигрантите

Од:

Федералната власт на Германија одлучи идната година да им даде на располагање 6,85 милијарди евра на сојузните држави за да им помогне за покривање на трошоците за сместување и интеграција на мигрантите.

Според владини извори, 2,44 милијарди евра ќе бидат за интеграција, вклучително и за изучување на германски јазик, 1,8 милијарди евра за сместување, и 500 милиони евра за социјална помош. До 2022 година, сојузните држави ќе добијат од буџетот околу 15 милијарди евра.

Потегот на Владата на Ангела Меркел е пред клучните регионални избори в недела во Баварија, каде што долгогодишната локална власт на нејзините сојузници од  Христијанска социјална унија е загрозена од зголемената популарност на антиимигрантската Алтернатива за Германија.

Би можело да ве интересира

AfD подели илјадници лажни авионски билети на мигрантите за депортација

Мелони: Намалувањето на приливот на нерегуларни мигранти во Италија е резултат на големата работа на владата

Ако не е произведено во Дубаи, не смее да се рекламира како „Дубаи чоколадо“, реши суд во Германија

Автобуска несреќа во Германија: Најмалку двајца загинати, има многу тешко повредени

АфД ја именуваше Алиса Вајдел за свој кандидат за канцелар на претстојните избори

Протести против АфД во Германија, полицијата употреби солзавец против демонстрантите