Каменос им понуди на САД постојани воени бази во Волос, во Лариса и во Александрополис

Од:

Грчкиот министер за одбрана Панос Каменос на средбата во Вашингтон на својот американски колега Џејмс Матис му предложил да бидат создадени нови американски воени бази, покрај постојната база во Суда на островот Крит, објави грчкиот весник „Катимерини”.

– Грција ги гледа САД како стратешки партнер и сојузник, единствен таков, што се осмелувам да кажам. За Грција е важно САД да распоредат воени сили во земјата на потрајна основа не само во заливот Суда, туку и во Волос, во Лариса и во Александрополис, рече Каменос.

Пристаништето на Александрополис веќе се користи од страна на американската армија, на воениот аеродром во Лариса, американски дронови постојано се распоредени, а во изминатите месеци таму беа стационирани и борбените авиони Ф-22 Раптор.

„Катимерини“ цитира добро информирани извори, според кои, Американците ги истражуваат можностите за користење на аеродромот во Лариса, како и други главни објекти на Грчките воздухопловни сили за распоредување на поголеми авиони.

Министрите за одбрана на Грција и на САД, исто така, разговараа за соработката во борбата против тероризмот, а во декември на Крит ќе биде организирана најголема обука во оваа област што некогаш била спроведена на територијата на Грција. 

Би можело да ве интересира

САД ја условуваaт Украина: Признание за губењето територии, во замена за воена помош

Горан Наумовски

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Америка нуди 25 милиони долари за апсење на Николас Мадуро

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Тригодишно дете е најновата жртва на пиротехниката во САД

„Фајненшл тајмс“: САД и Русија се сериозна безбедносна закана за европските земји