(ВИДЕО) Богдановиќ: Општината како изгласува ДУП-ови така може и да ги стопира

Од:

По вчерашната изјава на градоначалникот на Аеродром, Златко Марин дека воведувањето мораториум како во случајот на општина Центар не постои во законот се произнесе и градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ велејќи дека мораториумот во неговата општина е донесен со пресуда на Уставниот суд и дека е нормално општината која носи Детални урбанистички планови да може и да ги стопира.

-Советот на општина Центар донесува Детални урбанистички планови, имавме таква пресуда од Уставен суд, Детален урбанистичлки план може да се поправи со нов. Ние донесовме одлука за извршување на ДУП-ови се со цел додека не донесеме нови односно да ги исправиме првичните, општината е таа што ги носи нормално е да може и да ги сопре тоа е моето образложение за мораториумот и до сега не сме имале никаква жалба или поплака, вели Бодановиќ по што доаде дека има институции кои ќе го ценат тоа дали е исправно или не, но како што вели, јасно во одлуката се наведува на кои законски основи се повикува општината.

Градоначалникот Богдановиќ не сакаше да ја коментира ситуацијата во Аеродром кај „Мајчин дом“ и рече дека не би можел да каже било што за ДУП-ови на други општини бидејќи не ги знае добрите или лошите страни на истите.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Обвинителството побара мерки за претпазливост за малолетниците кои во Аеродром тепаа и со мобилни ја снимаа жртвата

Горан Наумовски

37-годинашна жена од Аердром е пронајдена мртва во својот стан

Горан Наумовски

Маж од Аеродром е пронајден мртов во својот дом

Горан Наумовски

46-годишна жена е пронајдена мртва во стан во Аеродром

Горан Наумовски

Казна од 20.000 евра за нелегално фрлање отпад во Општина Аеродром

Наставничка е нападната додека држеше родителска од мајка на ученик

Горан Наумовски