Во реонот на Париз уапсени се четири лица, тројца Французи по потекло од Конго и еден државјанин на Мали, во рамките на антитерористичката операција насочена кон лица кои се обидуваат да се поврзат со џихадистите во странство.
Францускиот министер за внатрешни работи Манјуел Валс истакна дека операцијата е поврзана со апсењето на француски граѓанин пред неколку месеци на границата меѓу Нигер и Мали.
Валс истакна дека француските власти се вознемирени дека француските екстремисти можат да се поврзат со бунтовниците во Сирија или со радикалните исламисти во реонот на Северно Мали. Француските власти веќе спречиле присоединување на десетици од нив во Сирија и неколку лица во Сахел.