Секој трет лекар во главниот град на Грција е невработен или нема целосно работно време, покажува официјалната статистика на сојузот на лекари во Атина, пренесува reporter.gr.
Од податоците се гледа дека 37,5 отсто од лекарите во Атина се невработени или немаат целосно работно време. Само во последните пет години невработеноста меѓу лекарите е двојно зголемена.
Во 2007 година бројот на невработени лекари во Атина бил 592, додека во 2012 година нивниот број достигнал 1.191, додека бројот на лекари што заминале во странство е зголемен за пет пати.
Бројот на лекари специјалисти, кои заминале во странство во 2007 година изнесувал 292, а во 2012 годиан нивниот број е зголемен на 1.166 лекари.