„Киненова“: Се оградуваме од каков било контекст различен од уметност и авторска слобода

Од:

„Киненова“ е фестивал кој се занимава со филмска уметност, а не со верска и национална омраза. Се оградуваме од каков било контекст кој е надвор и различен од уметност и авторска слобода, изјави денеска на прес-конференција директорот на „Киненова“ Небојша Јовановиќ, чувствувајќи потреба на последниот ден од фестивалот да го каже својот став поради, како што рече, разногласието и инволвирањето на фестивалот околу прикажувањето на „Ругање со Христос“.

Како директор на фестивалот тој вчера беше поканет на судско рочиште за предмет насловен „Привремена забрана за прикажување на филмот поради ширење верска и национална омраза и загрозување на соживотот на народите во државата“ и проценета вредност од 18 милиони денари – колку што ќе чинел спорот доколку беше процесуиран.

– На рочиштто јавниот правобранител во име на Министерството за култура, а во име на Република Македонија, го повлече своето барање против фестивалот „Киненнова“ Ние одлучивме да го прифативме ова, рече Јовановиќ.

Не смета дека филмот шири омраза и рече дека ако имало какви било потенцијални проблеми, тоа ќе го согледале уште при донесувањето одлука филмот да биде селектиран во официјалната програма. А бил слектиран затоа што сакале, првпат оваа година, простор на „Киненова“ да имаат и македонски филмови и македонски автори-дебитанти.

– „Ругање со Христос“ го заслужува тоа. Храбро одлучивме да го прикажеме. Тој е еден од 5500 филмови кои во изминатите три години алицирале на нашиот фестивал. На премиерата во петокот го гледаа разни националности што живеат тука. Мислам ја исполнивме мисијата – ги растргнавме сите облаци што се создадоа околу фестивалот и во општеството. Сакаме да отвораме дијалози и преку нив да ги затвораме болните прашања или конфликти. Филмот и уметноста тешко дека шири омраза или говор на омраза. Тоа е веќе пропаганда, додаде Јовановиќ.

На прашањето дали слувањата со филмот се одразиле на фестивалот, директорот рече дека им одзело многу енергија да се занимаваат со ова што, рече, излегло на површина, наместо со организирањето на настаните на „Киненова“.

На темата на прес-конференцијата со свои ставови се надоврзаа и двајца познати сценаристи – гости на „Киненова“ – Анте Томиќ од Хрватска и Симеон Венциславов од Бугарија.

– Такви работи никогаш не се негативни, зашто поттикнуваат љубопитност филмот да се види. Како што обично бидува на крајот, негативното е само за министерот кој така непромислено реагирал, рече познатиот хрватски автор, сценарист на филмот „Устав на Република Хрватска“ кој вчера беше прикажан на „Киненова“.

Сценаристот на бугарскиот филм „Ага“, пак, со кој вечер ќе биде затворен фестивалот, додаде дека верува во слободниот избор, а не во забрани.

– Верувам во слободата на секој автор да се занимава со теми и да ги интерпртира како што смета и верувам во слобадата на публиката да реагира онака како што таа смета дека е добро. Но не верувам во цензура. И ако еден човек се плаши од филм, тоа не е проблем на филмот, туку на човекот, рече Венциславов.

Би можело да ве интересира

Асемина Проедру и Елеонора Венинова го отворија 8. издание на МФФ Киненова

Современата ирска кинематографија прв пат на репертоарот на „Киненова“

Филмскиот фестивал „Киненова“ завршува вечер, ќе бидат доделени наградите

Ана Ололовска

Свечено отворање на шестото издание на фестивалот „Киненова“

Ана Ололовска

Мето Јовановски добитник на наградата за особен придонес во филмската уметност на „Киненова“

Ана Ололовска

Валчанов, Балчус и Ангелов во жири на „Киненова“

Ана Ололовска