Кумановскиот тетар тековната година ќе подготви четири тетарски претстави. Проектите се одобрени од Министертвото за култура, а кумановци ќе имаат можност да проследат две драми и две комедии. Две од претставите ќе бидат изведени на македонски, а две на албански јазик.
– Оваа година театрот ќе ја подготви комедијата „Ожалостена фамилија“ од Бранислав Нушиќ, а во режија на Драгана Милошевска-Попова како и преставата „Тања,Тања“ од Олга Мухина, а во режија на Александар Ивановски, информира директорот на Центарот за култура, Роберт Павлевски.
Кумановци ќе имаат можност да ја проследат и претставата од Артур Милер „Сите мои синови“ во режија на Сефедин Нуредини, како и комедијата „Лаги за лаги” од Ентони Нилсон во режија на Рози Констенца.