Магистерот по одбрана, Џафери ќе ги вкрсти копјата за Уставот со правникот Вељаноски

Од:

Политичката одлука на ВМРО-ДПМНЕ дали ќе влезат пратениците на дебата за уставните амандмани во Уставната комисија се уште не е позната. Не се знае и дали мнозинството ги има обезбедено 80 пратенички гласа за да се менува Уставот на РМ. Но, денеска, за кога Талат Џафери, кој е и претседател на комисијата, ќе се види дали ќе се тера промена на Уставот или, доколку не дојдат пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ќе се распишат предвремени избори.

Доколку денеска се отвори дебата по четирите амандмани, ќе биде жестоко и интересно во Комисијата за уставни прашања во наредните максимум определни десет дена. Актуелниот и поранишниот претседател, Талат Џафери и Трајко Вељаноски ќе ги вкрстат копјата со свои аргументи.

И двајцата имаат долгогодишно парламентарно искуство и вештини. Магистерот по одбрана ќе му се спротивстави на правникот Вељаноски. Заменик на Џафери е Џеват Адеми, заменик на Вељаноски е Амди Бајрам.

Амандманите, како предлагач ќе ги образложи и брани премиерот Зоран Заев, но доколку дојде, ќе го слуша поранешниот премиер Никола Груевски, кој е член на Комисијата.

Комисијата инаку има претседател, шеснаесет члена и нивни заменици.

Членови освен претседателот и заменикот се: Бетиан Китев, Енес Ибрахим, Соња Мираковска, самка Ибраимовски, Лилјана Поповска, Сурија Рашиди, Никола Груевски, Трајко Вељаноски, Димитар Стевананџија, Нада Ципушева, Дафина Стојаноска, Иван Стоиљковиќ, Стојан Миланов и Фадиљ Зендели.

За понеделник е закажана и десетдневна парламентарна дебата.

Би можело да ве интересира

Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра

Собранието го усвои Законот за младински додаток, 3.000 денари за млади до 23 години

А1он

Собранието не го прифати предлогот за едно државјанство за министрите

Горан Наумовски

Собранието го донесе Законот за Советот на јавните обвинители

Димитровски: Без подадена рака, нема внесување на Бугарите во Уставот

Собранието изгласа укинување на техничката влада

А1он